SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/blogreview/2008/07/04/blog-03

Насер Ориќ: херој или воен злосторник?

04/07/2008

Додека голем број босански муслимани во него гледаат херој, други сметаат дека неговото ослободување е резултат на еден лажен судски процес.

Од Balkanblogs за Southeast European Times – 04/07/08

photo

Насер Ориќ. [Getty Images]

Поранешниот воен командант на муслиманските сили на Босна и Херцеговина во Сребрница, Насер Ориќ, пристигна на Сараевскиот аеродром откако апелационата комисија во Хаг ја поништи неговата пресуда во четвртокот (3-ти јули). Пред две години Хашкиот трибунал го осуди Ориќ за неспречување на неговите војници да извршат воени злосторства врз српските цивили во Сребреница, многу пред масакрот во Сребреница во 1995 година.

Ориќ (41) беше ослободен од сите точки од обвинението, откако одлежа две години во затворот Шевенинген во Хаг. За многумина Бошњаци Ориќ е херој кој ја бранел Сребреница од силите на босанските муслимани во средината на 1990-тите. Српските медиуми и блогери имаат различни реакции во врска со ослободувањето од четвртокот.

„Ужасно ... и Србите треба да му веруваат на овој суд? Луѓе, ова е најголемата шлаканица за Србите од Хаг!!! Игрите без граници продолжуваат!! Читав за ова [ослободување] со толку многу горчина, бидејќи сум роден и израснат во тој град [Сребреница] …Ужас," пишува Srebrenicanin на Б92.

„Додека т.н. српски херои, Караџиќ и Младиќ, веќе со години се кријат во шумите, шталите итн., Бошњаците, кога ќе бидат обвинети, се качуваат на авион и летаат во Хаг, знаејќи дека само го бранеле својот народ и не извршиле убиства“, тврди BiH.

Kravicanin вели: „Што и кого Насер Ориќ го бранеше во Кравица, Магашиќ, Сиљковиќ, Кајиќ, Поповац, Оченовац и другите изгорени до темел српски села? Им го одзеде правото на живот на Србите во тие и многу други пљачкосани села.“

Milos пишува: „Ориќ храбро замина за Хаг и сега се враќа. Кога нашиот ,херој’ Младиќ ќе го направи истото? Зар и тој не се бореше во Сребеница како Ориќ?“

Narod продолжува во истиот стил, пишувајќи: „Нека оди и Младиќ во Хаг како Ориќ и нека докаже дека не командувал со српските сили и дека народот го поддржува“.

„Јас лично сметам дека треба да имаме храброст и да признаеме дека Србија ја загуби војната во 1990-тите, и дека злосторства беа извршени од сите страни, тоа е очигледно, но главните извршители не треба да се бараат помеѓу оние како Насер Ориќ. Оние како Ориќ ја бранеа својата земја додека ние, се разбира не сите ние, во името на српскиот национализам, војувавме во други земји и вршевме злосторства“, пишува priznati glavnu krivnju za rat.

Мислам дека ова [ослободувањето на Ориќ] претставува само бескрупулозна уцена за српските воени злосторници: „Ете ви, кога не ги предавате оние што ги бараме“. Меѓународниот суд стана пазар и внатрешните работи на Србија стануваат полоши“, вели sramota.