Парламентот на БиХ ги одобри новите гласачки процедури за Сребреница

08/05/2008

Граѓаните кои живееја во Сребреница до конфликтот во периодот 1992-1995 година, но сега живеат на други места, ќе може да учествуваат на општинските локални избори подоцна оваа година.

(Ројтерс, ДПА, Балкан инсајт, Фена, Канцеларија на високиот претставник - 07/05/08)

photo

„Овие измени на Изборниот закон на БиХ создадоа рамка за фер и коректни избори во Сребреница, во рамките на законскиот систем на БиХ“, рече високиот претставник Мирослав Лајчак. [OХР]

Парламентот на Босна и Херцеговина (БиХ) во средата (7-ми мај) ги одобри амандманите на изборниот законик на земјата, кои овозможуваат сите поранешни жители на источниот град Сребреница да гласаат во општината на локалните избори во октомври.

Измените, кои ги покриваат само изборите и само општината Сребреница, беа одобрени на заедничката седница на Претставничкиот дом и Домот на народите на државниот парламент. За да гласаат, оние што се моментно регистрирани на други места, мора повторно да се регистрираат на избирачкиот список на Сребреница.

Градот, кој е под јурисдикција на Република Српска (РС), беше населен претежно со Бошњаци пред конфликтот во периодот 1992-1995 година. Тогаш стана место на одделното најголемо злосторство по Втората светска војна во Европа, кога илјадници бошњачки мажи и момчиња беа убиени по кратка постапка од страна на силите на босанските Срби.

Неколку илјадници Бошњаци кои избегаа од Сребреница за време на војната се вратија, но повеќе од 25.000 други или живеат на друго место во БиХ или заминаа во странство. Етничките Срби сега претставуваат мнозинство во градот и ќе можат да ги надгласаат Бошњаците со голема разлика, ако не се измените одобрени во среда.

Во неделата премиерот на РС Милорад Додик се состана со високиот претставник Мирослав Лајчак, на разговори околу редица евентуални измени на изборниот закон, вклучително и предлог на Градскиот совет на Сребреница за ставање на градот под специјален статус, надвор од јурисдикцијата на РС. Додик рече дека се противи на ваквиот потег.

Првично, водачите на босанските Срби, исто така, се спротивставија на тоа да им се дозволи на поранешните жители да гласаат во Сребреница оваа есен. Но, тие се согласија по разговорите во неделата.

Говорејќи пред седницата на парламентот на БиХ, претседателот на националното собрание на РС, Игор Радојичиќ, ги опиша измените како гест на добра волја. Тој, исто така, изрази надеж дека истите ќе ја стабилизираат ситуацијата во Сребреница.

Во вторникот амбасадорите на Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот (ПИК) ја поздравија иницијативата.

„Усвојувањето на ваков амандман ќе ја земе предвид човечката трагедија на Сребреница и треба да се смета за гест на добра волја“, рекоа тие во изјавата. „Сребреница може да се претвори од симбол на трагедија во симбол на политичка мудрост, одговорност и економски напредок.“

Поздравувајќи го усвојувањето на амандманот во средата, Лајчак издаде специјална изјава, во која ги фали пратениците за нивната „политичка зрелост и мудрост“.

„Тие ја зедоа предвид трагичната историја на Сребреница и овие амандмани на изборниот закон на БиХ создаде рамка за фер и коректни избори во Сребреница, во рамките на законскиот систем на БиХ“, рече највисокиот меѓународен претставник и специјален претставник на БиХ во ЕУ.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading