Косовските Срби конституираа парламент, Приштина и меѓународните власти се противат

30/06/2008

Косовските Срби провокативно формираа свој сопствен паралелен парламент во Косово изминатиот викенд, но партиите кои ќе ја предводат новата влада -- Демократската партија и Г17 Плус -- не учествуваа на конститутивната седница.

Од Игор Јовановиќ и Блерта Фониќи-Кабаши за Southeast European Times во Белград и Приштинa -- 30/06/08

photo

Српскиот министер за Косово, Слободан Самарџиќ (лево), говори на конститутивната седница на собранието на косовските Срби во Митровица во саботата (28-ми јуни). [Getty Images]

Како што и се очекуваше, косовските Срби во северниот дел од поделениот град Митровица формираа свој сопствен парламент во саботата (28-ми јуни). Истиот нема да има законодавна улога, но во него ќе учествуваат претставниците на српската заедница од 26 општини во Косово.

Радикалната партија ќе има 17 членови. Демократската партија на Србија (ДСС) на српскиот премиер во заминување, Воислав Коштуница, ќе има 13, додека четворица членови ќе ја претставуваат Социјалистичката партија, а еден ќе ја претставува Граѓанската лига. Демократската партија (ДС) на српскиот претседател Борис Тадиќ ќе има тројца членови, а Г17 Плус ќе има еден претставник. Претставниците на заедниците Гораните, Ромите и Бошњаците, исто така, добија места. Сепак, претставниците на ДС и Г17 Плус, партиите кои ќе ја формираат новата влада во Белград, не присуствуваа на седницата.

Горан Богдановиќ, шефот на косовскиот огранок на ДС, рече дека тие не присуствувале на седницата бидејќи веруваат дека новата влада во Белград треба најпрво да заземе став за иднината на собранието на косовските Срби.

„Веруваме дека свикувањето на еден ваков парламент пред конституирањето на српската влада ќе предизвика само повеќе збунетост, па дури и поголема поделеност во српската заедница на Косово“, рече Богдановиќ.

Сепак, претставниците на ДСС сметаат дека новиот парламент ужива легитимитет помеѓу косовските Срби. Помошникот на Коштуница и министер за Косово и Метохија, Слободан Самарџиќ, рече дека Србите и другото неалбанско население лојално на Србија „добило демократски избрани претставници и владини тела“ со новиот парламент.

Сепак, поддршката на Косовските Срби за собранието не беше едногласна. Шефот на Националниот српски совет, Рада Трајковиќ, се спротивстави на неговото формирање. „Ова не е од корист за косовските Срби“, рече таа. Косовската влада и меѓународните агенции го критикуваа собранието.

Претседателот Фатмир Сејдиу рече: „Преку овој парламент, Србија сака да го дестабилизира Косово“.

УНМИК ги повика косовските Срби да соработуваат со косовската влада и меѓународните организации кои работат во Косово. „Создавањето на овој парламент не претставува сериозно прашање, бидејќи [тој] нема да има оперативна улога“, рече портпаролот на УНМИК, Александар Иванко. Како провокација, косовските Срби во саботата се собраа во Газиместан одбележувајќи ја годишнината од Битката за Косово во 1389 година.

„Секоја година доаѓам тука да прославам“, рече Драган Милиќ, додавајќи дека „Косовските Срби не треба да заборават дека имале историја и дека Косово е дел од Србија.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading