02/07/2008
АТИНА, Грција -- Јоргос Папандреу, водачот на најголемата опозициска партија ПАСОК во понеделникот (30-ти јуни) беше реизбран за претседател на Социјалистичката интернационала, на 23-тио конгрес на организацијата во Атина. Папандреу, син на покојниот грчки премиер Андреас Папандреу, ја предводеше меѓународната социјалистичка организација во 2006 година. Радмила Шеќеринска, претседателка на најголемата опозициска партија во Македонија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, беше избрана за заменичка. (AНА-МПА, Катимерини, Нафтеборики - 01/07/08)