03/07/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Владата во средата (2-ри јули) го отпушти српскиот генерален конзул во Соединетите Држави, Слободан Ненадовиќ, поради доказите дека Српската амбасада издала нелегален документ со кој му се овозможува на лице осомничено за обид за убиство да избега од Соединетите Држави. Овој потег дојде една недела откако Белград го ослободи заменик конзулот од неговите должности поради истата афера.
Српските власти велат дека започнале национална потрага по осомничениот Миладин Ковачевиќ, 20-годишен кошаркар од Универзитетот Бингхемтон. Во мај тој, наводно, скоро смртно претепал колега-студент по расправија во еден бар во Њујорк. Американскиот амбасдор во Белград, Камерон Мантер, побара од српските власти да го екстрадираат Ковачевиќ во Њујорк за да му се суди. (Б92, Бета, Њујорк тајмс - 02/07/08)