02/09/2008
БРИСЕЛ, Белгија -- Романија во понеделникот (1-ви септември) им предложи на водачите на ЕУ серија мерки за подобрување на ситуацијата во регионот на Црното Море, рече претседателот Трајан Башеску. Романската делегација го достави документот до сите шефови на држави и влади на земјите од ЕУ, на вонредната седница на Европскиот совет во понеделникот, на која се дискутираше за руско-грузискиот конфликт. Предлогот, исто така, ќе биде испратен до членките на НАТО, рече Башеску. Во него Букурешт апелира за трансатланска солидарност и ја поддржува идејата дека решавањето на конфликтите во областа на Црното Море, вклучително и Трансдњестарскиот конфликт, е можно само со следење на меѓународното право, правото на суверенитет и територијален интегритет и неповредливоста на државните граници. Во документот се бара ЕУ да одигра поголема улога во сите разговори во врска со ваквите конфликти, се предлага распоредување на мировни механизми и се поддржува една поголема улога на НАТО во регионот на Црното Море. (Meдифакс, Агерпрес, Зиаре - 01/09/08)