03/09/2008
AНКАРА, Турција -- Во напад на терористите од Курдистанската работничка партија (ПКК) загинаа двајца турски војници, а други девет беа повредени во источна Турција доцна во вторникот (2-ри септември). ПКК фати во заседа возило на војската во областа Киги на источната провинција Бингол, рече гувернерот Ирган Балканоглуид. Армијата започна широка операција за пронаоѓање на напаѓачите.
Во другите вести, земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала ја потресе источна Турција рано во средата, оштетувајќи неколку згради во југоисточната провинција Адијаман. Епицентарот на земјотресот беше во областа Самсат. Нема извештаи за повредени. (новинска агенција Анадолу, Хуријет, новинска агенција Доган, СНН Турк, АФП, РИА Новости - 03/09/08)