Хрватскиот суд повторно го одлужи судењето за воени злосторства против обвинетиот Главаш

03/09/2008

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Судот во понеделникот (1-ви септември) уште еднаш го одложи судењето за воени злосторства против Бранимир Главаш и шест други обвинети, објавија медиумите во вторникот. Судијата Жељко Хорватиќ одлучи да го одложи рочиштето откако новиот советник на одбраната на еден од обвинетите ја напушти судницата во знак на протест поради обивањето на судот да й даде повеќе време да се запознае со записниците од судењето.

Бидејќи судот нема повторно да се состане до крајот на септември -- повеќе од два месеци по последното рочиште -- судењето ќе мора да почне од почеток. Истото започна во ноември 2007 година, но само по три рочишта составот на судската комисија беше променет. Со тоа, од процедурални причини, тоа веќе еднаш мораше да започне од почеток. Главаш и другите обвинети се товарат за воени злосторства извршени во источниот регион на Осиек, во врска со тортурата и убиствата од 1991 година на десет етнички српски цивили. (СРНА, ХРТ, Бета - 02/09/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading