Македонски официјални претставници во посета на Брисел на разговори околу влезот во ЕУ

04/09/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Висока македонска делегација во четврток (4-ти септември) е во посета Брисел, во обид да изврши притисок за одредување датум за почеток на преговорите за пристап во ЕУ, објавија локалните медиуми. Вицепремиерот за европски прашања, Ивица Боцевски, и министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, треба да се состанат со комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, и претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. „Постигнавме значителен напредок и одиме во Брисел да ја браниме нашата позиција и да инсистираме на добивање датум“, рече Боцевски на прес-конференцијата во средата.

Во вторникот Боцевски присуствуваше на церемонијата по повод завршувањето на проектот на ЕУ за помош на Министерството за надворешни работи во формирањето на национален визен информациски центар, со цел укинување на визниот режим со ЕУ во 2009 година. Проектот за техничка помош предвидува поврзување на 45 македонски дипломатски мисии, шест големи гранични премини и два аеродроми со визниот центар преку онлајн ИТ систем.

Во другите вести, специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, ги покани преговарачите од Македонија и Грција на нов круг разговори за долготрајниот спор околу името помеѓу двете земји. Нимиц планира да се состане со нив во Њујорк на 11-ти септември. (МИА, Макфакс, МРТ, Вечер, ЕРТ, АНА-МПА, Експрес, А1 - 03/09/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading