Дипломатски дневник: БиХ се соочува со „важни предизвици“ за транзицијата

01/07/2008

Високиот претставник Мирослав Лајчак минатата недела беше во Брисел. Исто така во дипломатските вести: кипарскиот министер за надворешни работи, Маркос Кипријану, е во Кина и хрватскиот претседател Стипе Месиќ е во Шпанија.
photo

Високиот претставник во БиХ, Мирослав Лајчак (лево), во петокот (27-ми јуни) во Брисел се состана со комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен. [EК]

На состанокот со комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, во петокот (27-ми јуни) во Брисел, високиот претставник во Босна и Херцеговинa (БиХ), Мирослав Лајчак, рече дека и покрај значителниот напредок во БиХ во последниот месец, следат „важни предизвици за целосната транзиција на ОХР во ЕУСР [специјалниот претставник на ЕУ]“. Лајчак, исто така, ја информираше Комисијата за политика и безбедност, телото на ЕУ за надворешна политика, за ситуацијата во БиХ.

***

Кипарскиот министер за надворешни работи, Маркос Кипријану, во саботата (28-ми јуни) замина во тридневна посета на Кина. Тој ќе разговара за билатералните односи и напорите за повторно обединување на островот со својот кинески колега, Јанг Јечи.

***

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ во саботата (28-ми јуни) замина во тридневна посета на Шпанија. Во неделата тој го отвори Денот на Хрватска на светскиот Експо 2008 во Сарагоса.

***

Членовите на претседателството на Босна и Херцеговинa (БиХ) Харис Силајџиќ, Небојша Радмановиќ и Жељко Комшиќ во неделата (29-ти јуни) заминаа во петдневна официјална посета на Малезија. Тие треба да се состанат со кралот Јанг ди Пертуан Агонга и премиерот Абдула Ахмад Бадави.

***

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговинa (БиХ) Тарик Садовиќ и помошник генералниот секретар за операции на НАТО, Мартин Хауард, потпишаа меморандум за разбирање помеѓу Сараево и Алијансата, со цел олеснување на цивилниот прекуграничен транспорт во четвртокот (26-ти јуни) во Брисел. Документот предвидува соработка во справувањето со последиците од користењето или несреќите од хемиските, биолошките, радиолошките и нуклеарните агенси.

***

Грчкиот премиер Костас Караманлис вети поддршка од неговата земја за процесот на интеграција на Црна Гора во ЕУ, за време на состанокот со црногорскиот колега, Мило Ѓукановиќ, во понеделникот (30-ти јуни) во Атина. Неговата посета дојде во контекст на намерата на неговата земја да аплицира за кандидатски статус во ЕУ подоцна оваа година.

***

Претседателот на грчкиот парламент, Димитрис Суфас, се состана со рускиот премиер Владимир Путин, министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, и претседателот на руската дума, Борис Гризлов, во понеделникот (30-ти јуни) во Москва. Тие разговараа за билатералните економски односи, особено напредокот во изградбата на нафтоводот Бургас-Александрополис и гасоводот Јужен поток.

***

Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, и романскиот претседател Трајан Башеску во понеделникот (30-ти јуни) во Брисел разговараа за одбранбените политики на НАТО и ЕУ. Тие, исто така, разговараа за воената мисија во Авганистан, ситуацијата на Западен Балкан и регионот на Црното Море и проширувањето на НАТО.

(Разни извори 24/06/08-01/07/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading