04/07/2008
Романија се најде на највисокото место помеѓу земјите од Југоисточна Европа на Форбсовата Листа на најдобри земји за бизнис. Исто така во бизнис вестите: Хрватска доби рејтинг на стабилна од Стандард енд пур и Бугарија доби 360 милиони американски долари како враќање на долгот од Ирак.
![]() [Форбс] |
Романијa се рангираше на првото место, додека Босна и Херцеговинa (БиХ) се рангираше на последното место од балканските земји на третата листа на Најдобри земји за бизнис на списанието Форбс објавена минатата недела. Романијa се најде на 40-тото место, по што следи Турција (41) и Бугаријa (44). Други земји од регионот зад нив се Албанија и Maкедонија на 77-мото и 79-тото место. БиХ беше 10-та. Србијa и Црна Гора не беа вклучени во рангирањето.
***
Стандард енд пур го потврди долгорочниот долг од странската валута на Хрватска на БББ/А-3 и нејзиниот долг на локална валута на БББ+/А-2, сите со стабилни изгледи, според официјалното соопштение во четвртокот (1-ви јули). Рејтингот на Хрватска доби поддршка од постојаната консолидација на јавните сметки, високиот БДП по глава на жител и поткрепата на политиката обезбедена од интеграцијата во ЕУ.
***
Долгот на Ирак од 360 милиони американски долари кон Бугаријa е целосно вратен, според соопштението од средата (2-ри јули). Вкупната висина на преостанатиот долг и акумулираната камата е пресметана на 1,86 милијарди американски долари, но двете земји се согласија да ја намалат цифрата минатата година.
***
Ирак и Tурција започнаа преговори за изградба на нов гасовод за пренос на природен гас за Европа преку Турција, соопшти во неделата (29-ти јуни) иранскиот министер за нафта, Голам Хосеин Нозари. Новиот нафтовод ќе се протега од нафтените полиња Јужен Парс до турско-иранската граница.
***
Tурската група Чалик, сопственик на Националната комерцијална банка (БКТ) во Косовo, во понеделникот (30-ти јуни) објави дека ќе инвестира повторно во косовската економија. Претпријатието отвори втора филијала на БКТ во јужниот град Призрен. Чалик холдинг е првиот турски инвеститор во Косово со удел во дистрибуцијата на гас, банкарскиот и текстилниот сектор.
(Разни извори – 27/06/08-04/07/08)