Бугарија и Романија се подготвуваат заеднички да се приклучат на Шенген зоната во март 2011 година

17/03/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Министерот за внатрешни работи, Кристијан Давид, вели дека Романија и Бугарија во јуни ќе потпишат документ за билатерална стратешка соработка во заштитата на границите на двете земји. Ова е дел од нивните напори за приклучување на заедничката Шенген гранична контрола и визен простор на ЕУ во март 2011 година. Давид го објави овој потег во неделата (16-ти март) по состанокот со бугарскиот колега, Румен Петков, во романското одморалиште Мамаја. Двајцата министри разговараа за проектите чија цел е зајакнување на пограничната контрола и соработка во борбата против организираниот криминал. Тие, исто така, разговараа околу соработката во областа на Црното Море и реката Дунав. Бугарските власти веќе инвестираа 2 милиони евра во видео-набљудувачки систем долж нивниот брег. (Реалитатеа Романеаска - 17/03/08; БНР, БТА, Медиафакс - 16/03/08)