Рускиот претседател го критикуваше Бан поради одлуката за реструктуирање на УНМИК

03/07/2008

МОСКВА, Русија -- Новиот претседател Дмитри Медведев го критикуваше генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, за неговата еднострана одлука за реструктуирање на УНМИК, со што дозволи поширока улога за полициската и судската мисија на ЕУ, наречена ЕУЛЕКС. Во интервјуто на неговата официјална веб-страница во четвртокот (3-ти јули) Медведев рече дека верува оти Бан ги надминал своите овластувања. „Во најмала рака, ова се одлуки што генералниот секретар не смее да ги преземе врз себе. Тие мора да бидат донесени од Советот за безбедност на ОН. Прилично е чудно тоа што Советот за безбедност не даде никакви соопштенија, туку генералниот секретар говореше за ова прашање.“ Тој потврди дека ставот на Русија е дека независноста на Косово претставува опасен преседан кој ќе предизвика сепаратистички движења низ целиот свет. (Ројтерс, Гардијан, Б92, Бетa - 03/07/08)