Трансперенси интернешнал во БиХ ги отфрли обвинувањата за уцена на Додик

03/07/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Трансперенси интернешнал Босна и Херцеговина (ТИ БиХ) во средата (2-ри јули) издаде изјава во која се отфрлаат обвинувањата на одредени бизнисмени и премиерот на Република Српска (РС) Милорад Додик за вмешаност на организацијата во рекетирање и уцена на бизнисмени од РС. Антикорупциската невладина организација побара властите на ниво на ентитет и на државно ниво, како и меѓународната заедница, да прекинат со толерирање на ваквиот третман на независните групи на граѓанското општество.

Во вторникот Додик рече дека е свесен за злоупотребите од страна на ТИ БиХ и вети дека ќе ги заштити оние кои, наводно, се негова цел. Тој, исто така, ги повика обвинителите активно да го испитаат прашањето. (Независне новине, Дневни аваз - 03/07/08; TI press release - 02/07/08)