Хрватска очекува да ги заврши разговорите за пристапување во ЕУ до октомври 2009 година

17/09/2008

БРИСЕЛ, Белгија -- Хрватска очекува да ги заврши разговорите за пристапување во ЕУ во текот на мандатот на актуелното претседателство на Европската комисија (ЕК), кој завршува во октомври 2009 година, се согласија хрватскиот премиер Иво Санадер и претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, по состанокот во Брисел во вторникот (16-ти септември). Баросо ја пофали Хрватска за нејзиниот напредок на патот кон ЕУ, но додаде дека има уште работа, особено во областа на своето судство, економската конкурентност и бродоградежниот сектор. Санадер се согласи дека неговата земја има уште „домашни задачи“. Тој, исто така, ја искажа подготвеноста на Хрватска да ги надмине проблемите наведени во последниот извештај за напредокот на ЕК. (Вечерњи лист, ХРТ, БТA - 16/09/08)