24/09/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Непознати напаѓачи го нападнаа главниот уредник на локалната интернет страница www.frognews.bg доцна во понеделникот (22-ри септември). Огњан Стефанов беше претепан од четворица маскирани мажи, кои го чекале пред ресторанот каде што вечерал со својата сопруга. Стефанов бил пренесен во болница со сериозни повреди на главата, скршени нозе и повреда на ’рбетот. Стефанов се верува дека стои зад анонимната веб-страница, www.opasnite.net63.net, која објавува наводи за корупција во кои се вклучени високи владини претставници, како и натписи во кои се критикуваат полицајци и сомнителни бизнисмени. Стефанов ги отфрла овие тврдења.
Во другите вести, бугарската полиција во вторникот го уапси заменик-директорот на Државната агенција за млади и спорт, Иван Леков. Обвинителството објави дека апсењето е засновано на сомневањата за злоупотреба на функцијата од страна на Леков, веднаш по неодамнешните извештаи за наместени фудбалски натпревари со посредство на судии. (Ројтерс, Софија ечо, Дарик, Капитал, Дневник, Нетинфо - 23/09/08)