Косово не треба да биде преседан за другите земји, вели Баша

25/09/2008

ЊУЈОРК, САД -- Албанскиот министер за надворешни работи, Лулзим Баша, во средата (24-ти септември) се состана со својот руски колега Сергеј Лавров, на разговори околу билатералните односи, развојот во југоисточна Европа и ситуацијата во Грузија и во регионот на Црното Море. Баша истакна дека Косово претставува уникатен случај и не треба да служи како преседан за другите региони. Москва се спротивстави на независноста на Косово токму од таа причина. (Топ ченал, Клан, Балканвеб, Алсат - 24/09/08)