Косово ќе стане членка на Светската банка и ММФ следната година

25/09/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Новата независна држава Косово ќе стане членка на Светската банка и ММФ во 2009 година, рече во средата (24-ти септември) Шиего Кацу, регионалниот заменик-претседател на банката за Европа и Централна Азија. На состанокот со официјалните претставници во Приштина, тој објави дека Косово веќе го започна својот процес на пристапување и ќе го заврши за шест до девет месеци. (Лајм, Експрес, Коха Диторе - 25/09/08)