Протеран член на грчката владејачка партија бара враќање во партиските редови

05/10/2008

AТИНА, Грција -- Пребегнатиот пратеник и протеран член на владејачката партија Нова демократија (НД) Ставрос Даилакис во петокот (3-ти октомври) му напиша писмо на премиерот Костас Караманлис, барајќи враќање во НД. Во своето писмо Даилакис се извини за критиките упатени кон владата и рече дека ќе поднесе оставка од пратеничкото место ако партијата одбие да го прими назад. Во вторникот владејачката партија го избрка Даилакис поради тоа што побара оставка од портпаролот на владата, Теодорос Русопулос. Со овој потег бројот на пратеници на НД во парламентот падна на 151, но партијата планира да го замени. (СКАИ, АНА-МПА, ЕРТ, Ројтерс, Катимерини, Нафтемборики - 03/10/08)