Христофиас се спротивстави на конфедерацијата во Кипар

08/10/2008

СОФИЈА, Бугарија -- За време на посетата на Софија во вторникот (7-ми октомври) кипарскиот претседател Деметрис Христофиас ја отфрли можноста за идна конфедерација на две одделни држави, која водачот на кипарските Турци Мехмет Али Талат ја предложи како основа за повторното обединување. Христофиас предупреди дека ако двете заедници во федерацијата добијат поголеми овластувања, како што инсистира Талат, тоа „всушност ќе ја поткопа [идната] централна власт“. Претседателот рече дека повикот на Талат за две одделни, политички еднакви држави претставува голема пречка во процесот на повторно обединување. Разговорите помеѓу Христофиас и Талат ќе продолжат в петок. (Хуријет, НТВ, КНА, Политис, БТA - 07/10/08)