Македонија ќе одржи претседателски и локални избори на 15-ти март

08/10/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Претседателските и локалните избори ќе се одржат на 15-ти март 2009 година, се согласија во вторникот (7-ми октомври) водачите на четирите најголеми партии во земјата. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и Демократската унија за интеграција (ДУИ) и опозициските Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) и Демократската партија на Албанците (ДПА), исто така, се согласија дека одѕивот на гласачите за претседателските избори треба да биде намален од 50 на 40 отсто.

Во другите вести, Министерството за одбрана во вторникот соопшти дека Македонија ќе ги повлече своите војници од Ирак на крајот од декември, по пет години во земјата. Седумдесет и седум војници ќе ја напуштат воената база во градот Таји, околу 95 километри северно од Багдад. (AФП, А1, Макфакс, МИA - 07/10/08)