08/10/2008
ПРИШТИНА, Косово -- Португалската влада во вторникот (7-ми октомври) објави дека ја признава независноста на Косово. „Ние сме убедени дека сега независноста на Косово е неповратен процес“, изјави министерот за надворешни работи, Луис Амадо, за Комисијата за надворешни работи на португалскиот парламент. Оваа ибериска држава е 22-та членка на ЕУ и 48-ма земја во светот што го призна Косово.
Исто така, Црна Гора можеби се колеба дали да го признае Косово, што би ги зајакнало напорите на Подгорица за членство во НАТО и ЕУ. Претходните извештаи посочуваа дека таа е близу до признавање на младата држава, но АП во средата објави дека Црна Гора „вели оти ќе ја поддржи српската иницијатива за оспорување на легитимитетот на независноста на Косово“, во очигледен обид „за намалување на тензиите“ со Белград. (РТК, Кохавижн, Телеграфи, ТВ 21, АФП, Ројтерс, АП, Танјуг, Бета, СНН - 07/10/08)