Косовската полиција уапси Србин осомничен за воени злосторства

12/10/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Во петокот (10-ти октомври) Косовската полициска служба (КПС) уапси Србин осомничен за вршење воени злосторства за време на конфликтот во Косово во периодот 1998-1999 година. Властите велат дека Дејан Томиќ (35) убил двајца етнички Албанци на почетокот од 1999 година. Потерница за негово апсење беше издадена во 2003 година.

Во другите вести, илјадници полицајци се распрснаа во центарот на Белград во саботата, за да го спречат митингот на неонацистичките и ултранационалистичките групи. Полицајците уапсија 34 осомничени екстрамистички активисти кои се движеа кон центарот. Властите ги спречија да демонстрираат, стравувајќи од избувнување судири со околу 500 антифашисти, кои имаат мирен протест во центарот на Белград. (МИГњус, АП, Б92, Бета, Фонет, РТРС - 11/10/08; AП, Фонет, РТС, РТРС, СРНА - 10/10/08)