03/12/2008
ТИРАНА, Албанија -- Премиерот Сали Бериша и неговиот италијански колега во посета на земјата, Силвио Берлускони, присуствуваа на потпишувањето на четири билатерални енергетски и инфраструктурни договори во вторникот (2-ри декември). Два од договорите потпишани во Тирана вредат 2,4 милијарди евра, и предвидуваат изградба на првата фарма на ветар во Албанија, како и електроцентрала на природен гас. „Според мојата визија Албанија треба да се претвори во мала енергетска суперсила на Балканот“, рече Бериша, додавајќи дека тој ќе го искористи партнерството со Италија за да ги продолжи напорите за изградба на нуклеарки. Двајцата премиери, исто така, се согласија да започнат со работа на три други договори вредни 3 милијарди евра. (Шекули, ББС, ВОА, Топ че - 02/12/08)